Меѓународниот патнички авиосообраќај опадна за 89%, соопшти ИАТА

Меѓународниот патнички авиосообраќај опадна за 89% во февруари во споредба со истиот месец минатата година, бидејќи повторно е забележан раст на случаите со коронавирусот, соопшти Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (ИАТА).

„Меѓународниот патнички авиосообраќај опадна за 89% и не покажува знаци на закрепнување во сегашните околности“, изјави новиот генерален директор на ИАТА, Вили Валш.

Сепак, тој смета дека треба да останеме оптимисти, бидејќи втората половина на годината ќе биде попозитивна од првото полугодие. Истовремено, посочи и дека треба да останеме оптимисти и кога станува збор за европската сезона на летни одмори.