Македонија, Гоце Делчев и Скопје се најчитаните статии на Википедија на македонски јазик за 2023 година

Статиите за Македонија, Гоце Делчев, Скопје, Оче наш и Цистична фиброза се најчитаните статии на македонската википедија за 2023 година, односно за периодот од јануари до ноември, според податоците кои ги доби Радио МОФ од администраторскиот тим на Википедија на македонски јазик.

На глобалната интернет енциклопедија на македонски јазик во изминатата година се пребарувале и многу историски теми како, на пример, Александар III Македонски, Денот на востанието на Македонија, Скопскиот земјотрес, Денот на македонската револуционерна борба и Денот на независноста на Македонија.

Листата вклучува и теми од тековен интерес, па така, се читало многу и за Израел и за Палестина. Особен интерес имало и за државните празници,  македонските народни поговорки, како и за хороскопските знаци, и за автомобилските регистарски таблички во земјава.

Листата на најчитани статии на Википедија на македонски јазик хронолошки изгледа вака:

  1. Македонија –  96.053 број на прегледи
  2. Гоце Делчев – 72.884 број на прегледи
  3. Скопје – 60.719 број на прегледи
  4. Оче наш – 59.238 број на прегледи
  5. Цистична фиброза – 44.905 број на прегледи
  6. Свети Кирил и Методиј – 39.759 број на прегледи
  7. Државни празници во Македонија – 37.258 број на прегледи
  8. Ден на востанието на Македонија – 31.637 број на прегледи
  9. Список на македонски народни поговорки – 23.588 број на прегледи
  10. Скопски земјотрес – 21.245 број на прегледи
  11. Израел – 21.191 број на прегледи
  12. Александар III Македонски – 17.629 број на прегледи
  13. Хороскопски знаци – 16.612 број на прегледи
  14. Автомобилски регистарски таблички во Македонија – 16.304 број на прегледи
  15. Градови во Македонија – 15.644 број на прегледи
  16. Географија на Македонија – 14.994 број на прегледи
  17. Бистра вода (серија) – 14.497 број на прегледи
  18. Меѓународен ден на жената – 14.293 број на прегледи
  19. Григор Прличев – 13.362 број на прегледи
  20. Ден на независноста на Македонија – 13.602 број на прегледи
  21. Држава Палестина – 12.896 број на прегледи
  22. Стрептококен фарингитис – 12.751 број на прегледи
  23. Ден на македонската револуционерна борба – 12.468 број на прегледи
  24. Водици – 12.003 број на прегледи
  25. Кочо Рацин – 11.431 број на прегледи