Мајмунските сипаници се преименуваа во „ем сипаници“ со цел да се избегне стигмата

Мајмунските сипаници добија ново име – „mpox“ (ем сипаници) со цел да се намали стигмата и дискриминацијата кон мајмуните, информираа од Светската здравствена организација (СЗО), пренесе „Гардијан“.

СЗО ја кажа својата намера за промена на името на болеста уште во јуни, откако експертите изразија загриженост за стигматизирачкото и дискриминирачко значење на називот на болеста.

Сега СЗО потврди дека референцата кон име на примати кои не се луѓе треба да се отфрли.

„’Ем сипаници’, заменувајќи го претходниот ‘Мајмунски сипаници’ ќе стане префериран термин сега, по преодниот период од една година. Ова беше потребно за да се ублажат грижите на експертите за конфузијата што ја предизвикуваше името додека светот се соочуваше со глобална пандемија“, соопштиле од СЗО.

Од Светската здравствена организација информираа дека клучно при одлучувањето за новото име било тоа да биде лесно употребливо во различни јазици, додека научната соодветност, изговорот и отсуството на географска и зоолошка референца биле секундарни при носењето одлука.

Вирусот што предизвикува ем сипаници прв пат бил идентификуван во 1958 година кај мајмуните во заробеништво. Покрај тоа, природниот резервоар на болеста е неименуван и непознат и најчесто се наоѓа кај глодарите. Сепак, научниците изразија загриженост за начинот на кој медиумите ги покриваат епидемиите при информирањето за различните видови на вирусот со повикување на различни делови од Африка.

„Во контекст на сегашната глобална епидемија, континуираното повикување и номенклатурата на овој вирус, да се биде Африканец, не само што е неточно туку е и дискриминирачко и стигматизирачко“, напишаа експертите во јуни.

Првиот случај на ем сипаници кај човек беше идентификуван во 1970 година во Демократската република Конго. Вирусот повторно се појави годинава во мај кога започна невидена пандемија – главно меѓу мажите кои имаат полови односи со мажи.

„Земено тоа што мајмуните не се примарниот извор на вирусот, новото име е помалку збунувачко за луѓето што не ја знаат приказната за тоа како се добив инфекцијата“, изјавил професорот Пол Хантер кој ја поздрави одлуката на СЦО.