СЗО ќе го смени името мајмунски сипаници што сега се смета за дискриминациско

Светската здравствена организација (СЗО) најави дека ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја избегне дискриминацијата и стигматизацијата бидејќи вирусот продолжува да се шири меѓу луѓето на глобално ниво, јавува „Гардијан“.

Д-р Тедрос Адханом, директорот на СЗО рече дека организацијаата работи со партнери и експерти од светот за промена на името на вирусот „мајмунски“ сипаници, неговите кладови и болеста што ја предизвикува.

„Овој потег доаѓа откако научниците повикаа на ‘итна’ промена на името што го опишуваат како ‘несоодветно’, ‘дискриминациско’ и ‘стигматизирачко’ во извештајот минатата недела. Новото име ќе биде објавено што е можно поскоро“, изјави Тедрос.

Овогодинешната епидемија е поттикната од „западноафриканскиот“ тип на мајмунски сипаници, што е значително помалку опасен од другиот тип, „конгонски басен“ („централноафрикански“). Сепак, одлуката на СЗО се однесува и на двата типа.

„Во контекст на сегашната глобална епидемија, континуираното повикување и номенклатурата вирусот да биде само африкански, не само што е неточна, туку е и дискриминациска и стигматизирачка“, пишуваат експертите.

Тие продолжуваат да ја критикуваат и употребата на фотографии од африкански пациенти со лезии од сипаници при покривање на содржините на глобалниот сервер.