Листа од десетте најдобри градови во светот за трчање и вежбање во надворешен простор

Трчањето и вежбањето на отворено станаа особено популарни во изминатите неколку години, а пребарувањата за „трчање“ на Гугл на глобално ниво растат за 20 отсто секоја година.

Со се’ повеќе луѓе кои надворешниот простор го избираат за погодна средина за вежбање, францускиот бренд за патики „HOKA“ објави истражување за дополнителните фактори што влијаат врз физичкото здравје на луѓето кои вежбаат надвор.

Во истражувањето се испитани седум клучни фактори што имаат влијание врз луѓето, како загадувањето на воздухот, емисиите на јаглерод диоксид што настануваат од сообраќајот, бројот на зелени површини, просторот за пешачење, просечната температура и нивото на влажност и квалитетот на водата. Овие испитувања се направени со цел да се креира листа кои градови во светот се најпогодни за вежбање на отворено.

Според истражувањето, Европа е најдобриот континент, односно на листата има осум европски градови. Веднаш по Европа е Австралија каде се другите два града.

Десетти на листата е Копенхаген, Данска – град кој во истражувањето е опишан со најниска количина на емисии на јаглероден диоксид што настанува од сообраќајот, просечната температура е 10 степени целзиусови, а влажноста е 79%.

Деветти на листата е Барселона, Шпанија – иако зелениот простор е лимитиран, градот е одличен за урбано трчање поради просторот за пешачење кој е оценет 100/100, а градот има и ниска емисија на јаглерод диоксид што го испуштаат возилата.

Осмата позиција ја зазема Сиднеј, Австралија – Сиднеј е првиот од двата австралиски града кои се наоѓаат на листата. Просторот за пешачење и во Сиднеј како во Барселона е оценет 100 од 100, влажноста има низок процент – 57%, а тука се и прекрасните плажи „Bondi“ и „Marley Beach“.

Седмиот град на листата е Лисабон, Португалија – иако има добри оцени според карактеристиките, Лисабон се истакнува по шаренилото на улиците во кое е обоен и авторите на истражувањето вежбањето надвор во овој град го опишуваат како поинакво искуство од повисоко ниво.

Шестиот град е Берлин, Германија – еден од најрамните градови во светот. Главниот град на Германија има многу ниски емисии на јаглерод предизвикан од сообраќајот, што значи дека воздухот е многу почист. Исто така има ниска просечна температура од 11,5 степени целзиусови и низок процент на влажност, само 69 отсто.

Петти на листата е Стокхолм, Шведска – Стокхолм влегува во топ петте градови поради значително ниските емисии на јаглерод, како и поради одличната поставеност на патеките за трчање и пешачење низ целиот град. Просечната температура е ниска – 10,5 степени целзиусови, а влажноста е висока – 75%, што значи дека за оние што сакаат да вежбаат надвор во Стокхолм препорачливо е носењето на водоотпорна облека.

Четвртиот град е Рим, Италија – еден од најдревните градови на планетата а и домаќин на многу страсни љубители на храната, Рим е и град на вљубениците во трчањето и вежбањето надвор. Просечната температура е 17,5 степени целзиусови, а просторот за пешачење е со оцена 99 од 100.

Третиот град е Мелбурн, Австралија – уште еден австралиски град кој е познат и како „Главниот спортски град на светот“. Мелбурн изобилува со простор за пешачење и трчање, а тоа ги вклучува и Кралските ботанички градини – „Викторија“. Просечната температура е 17 степени целзиусови, а влажноста е 52%, додека воздухот има многу висок квалитет, што го прави Мелбурн идеален простор за вежбање надвор.

Речиси најдобриот или вториот на листата е покраината Санта Круз де Тенерифе, Шпанија – 82% од површината со зелен простор и просечната температура од 22 степени целзиусови, го сместува Санта Круз во втората позиција. Поради тоа што градот се наоѓа во Канарските Острови, влажноста е 61 отсто, додека квалитетот на водата 65 отсто. За сите кои се активни со вежбање надвор препорачливо е да се земе шишенце со вода поради можна дехидрација, иако по трчање може да се разладите на некоја од бројните плажи.

Најдобри услови за правење активности надвор има во Виена, Австрија – Виена е сместен прв на листата според истражувањето бидејќи, како што се вели внатре, има најдобри услови за трчање и вежбање во надворешен простор. Виена има 100 од 100 оцена за простор за пешачење, а има и многу зелени површини. Исто така има многу ниски емисии на јаглерод од сообраќајот што прави да има најниско ниво на загаденост во топ 10 градовите на оваа листа, односно доаѓа на второто место по Копенхаген. Сепак просечната температура е 13,5 степени целзиусови, а влажноста  62 отсто, што значи дека и трчањето може да некој начин да биде „влажно“ искуство.

Фото: Pixabay