Лебдечка теретана во Париз користи човечка енергија за да плови по реката Сена

Италијанските архитекти од бирото Carlo Ratti Associati измислиле сала за вежбање, во која сите апарати ја генерираат силата која е употребена при вежбањето, и од неа бродот плови.

Дизајнот кој наликува на стаклен меур им обезбедува на посетителите на теретаната добар поглед кон Ајфеловата кула, како што „возат“ на своите апарати.

Бродот кој е напојуван на еколошки начин е долг 20 метри, а може во исто време да носи околу 45 луѓе. На него има велосипеди и подвижни ленти, а прикажува и информации за реката, како температура и висина на водата во реално време.

Машините за вежбање се поврзани со генератор, кој ја претвора кинетичката сила од педалите во електрична струја. Со таа енергија се напојува бродот.

Карло Рати, основач на архитектонската фирма која го смислила концептот, вели:

„Париската навигирачка теретана го истражува потенцијалот на генерирање на човечката сила. Фасцинантно е да се види како енергијата генерирана со вежбање во теретана може да помогне едне брод да плови. Обезбедува опипливо искуство за тоа што се крие зад често апстрактниот термин „електрична моќ“.