Лажни сертификати за вакцинација продавани за 150 евра на црниот интернет пазар

Италијанската полиција информирала дека фатила и стопирала серија на онлајн измамници кои продаваат лажни сертификати за вакцинација од КОВИД-19, како и понуди за наводни вакцини против коронавирусот, пренесува „Еуроњус“.

Полицијата соопштила дека запрела 10 канали кои преку криптираната апликација „Телеграм“ воделе до анонимни профили на црниот интернет пазар (дарк веб). Преку анонимните профили се стапувало во директен контакт со продавачите кои барале да им се плати во криптовалути.

Понудите на црниот интернет пазар може да се вистински, но можно е и да се лажни.

„Преку интернетот и преку овие канали  производите се нудат глобално. Беше фино тоа што во самата понуда пишуваше дека овие лажни ковид пасоши и вакцини не се достапни само во Италија, туку и во други земји како Швајцарија, Британија, САД и Нов Зеланд “, изјавил Џанлука Берути, шеф на даночната полиција во Милан, која се бори против кибер-криминалот.

Цените се движеле од 100 до 150 евра, во зависност од понудата. Некои понуди вклучувале сертификат за вакцинација и шишенце од вакцина.

Околу 250.000 корисници се регистирале, а стотина се обиделе да контактираат со продавачите. Купувачите најчесто биле лица регистирани надвор од Европската Унија.

„Ваквиот пазар отвора многу можности за луѓето кои ги продаваат лажните производи, но и за луѓето кои се обидуваат да ги користат овие лажни сертификати“, додал Берути.

Од Европол изјавиле дека криминалците исто така се адаптирале на пандемијата, преку фалсификување и на тестови за КОВИД-19.