„Ла Кања“ со музика и печатење дизајни ќе прослави 14 години постоење

Култната „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечерва, 6 ноември, со почеток од 19 часот најавува настан каде ќе го одбележува 14-иот роденден.

„‘Ла Кања’ влегува во тинејџерски години, тоа значи дека од сега е дозволено праќање скришни погледи, држење за рака, бацки на образ и излегување до малку покасно. Тоа е доволна причина да ве поканиме на една полуматурантска дружба и да ги прославиме сите овие години на слушање музика, добри концерти и муабетење до касно“, стои во најавата за настанот.

За музиката се одговорни Ѓорѓи Јаневски и Дарко Марковски, а Партизанска штампа ќе го печатат дизајнот од плакатот со „мачињата“ во бела или црна боја на сите што ќе си донесат парче текстил (маица, перница, јакна, асталски чаршав).

„Се гледаме попаметни и дотерани!“, се вели во најавата.