„Креативни детски социјализации“ на зелениот покрив на Дом на култура „Кочо Рацин“

Со цел да дизајнираат размислување, на 28 и 29 јуни ќе се реализираат две детски работилници на зелениот покрив на Домот на култура „Кочо Рацин“, попознат како Дом на АРМ.

Првата работилница на 28 јуни ќе биде на тема „Рециклирање, Екологија- колажирање, цртање и сликање“, додека втората во наредниот ден – „Архитектура, Град на фантазија, Еко град- цртање и сликање, колажирање, моделирање“.

Препорачана возраст за работилниците, кои ќе се одвиват од 18 до 19:30 часот, е 7+ години.

„Иднината е во рацете на креаторите, на иноваторите и на решавачите на проблеми кои можат да се прилагодат и да се свртат кога е потребно, да цветаат во светот што брзо се менува. Се работи за креативен процес што го ангажира лицето да сочувствува и да ги разбере потребите, да ги идентификува / ре-дефинира проблемите, идеите за идеи и конечно да ги тестира овие идеи користејќи прототипови за да научи и да го повтори најдоброто решение. Да ја разбере важноста на соработката и на повратните информации. Креативноста е тесно врзана со со емпатијата и со иновацијата“, стои меѓу другото во најавата за работнилцините.

Ментори се Доротеј Нешовски-интердисциплинарен уметник и Искра Димковска – издавачка куќа „Сказнувалка“.

Пријавата е задолжителна за двете работилници: dorotej.arts@gmail.com

Максимум учесници на една работилница е 10-15 деца. Работилниците се бесплатни и ќе се одвиваат според протоколите за заштита од Ковид-19.

„Целта на овој проект е добивање пошироко поле на информации низ разни уметнички содржини, процеси и концепти создавање уметничка практика со современи уметнички вредности. Активно и креативно слободно време, едукација, знаење, искуства, соработка. Да научиме да инвенстираме во идеите, да работиме со другиот или во тим, да останеме оптимисти и да креираме позитивна енергија, да ја постигнеме за дадената цел да научиме што е сочувство за дадената цел, прототип на идејата и дизајнот и тестирање на финалнот производ.. Работилницата е наменета за креативно размислување и изразување“, се вели во најавата за работилниците.