Конкурс за поезија од млади автори

Здружението за култура и заеднички вредност „КРИК 094 “ – Гостивар објавува конкурс за млади поети, во рамки на проектот „Млади поетски пера – Стиховите градат мостови“.

Право на учество имаат поети на возраст од 16 до 35 години, кои пишуваат поезија на македонски, албански или на турски јазик.

На конкурсот се учествува со испраќање на една поетска творба на мајчин јазик. Темата е слободна.

Творбите треба да се испратат на е-маил: zdruzeniekrik094@gmail.com најдоцна до 5 август. Заедно со творбата, авторите треба да испратат и свои податоци: име и презиме, возраст, адреса на живеење и телефонски број за контакт.

Најдобрите поетски творби кои ќе ги избере стручна комисија, ќе бидат преведени на трите јазици (македонски, албански и на турски јазик) и објавени во заедничка тријазична збирка.

Избраните автори ќе добијат примерок од збирката и пофалница.