Отворен книжевен конкурс на тема „Трчам, значи постојам“

Меѓународната спортска манифестација „Трка на Поезијата – Poetry Run“ во организација на здружението „Спортски мостови“ од Струга распишува конкурс за најдобра необјавена творба на тема „Трчам, значи постојам“.

„Целта на конкурсот е да му даде друга димензија на трчањето, које на некој начин е уметност. Трчањето е од оние дисциплини кои поттикнуваат работа на себе, како на физичката, така и на психичката спремност. Трчањето е соочување со себеси, а во крајна инстанца – и победа на себеси“, објаснуваат организаторите.

На конкурост може да учествуваат авторки и автори кои најдоцна до 15 мај ќе испратат една своја песна на темата на мајчин јазик, на адресата konkurs@poetryrun.mk.