Конкурс за најдобра филмска критика „Cinedays 2013“

Дванаесеттото издание на фестивалот на европскиот филм CINEDAYS годинава ќе се одржи во периодот од 14 до 23 ноември, најавуваат од Младинскиот културен центар.

Конкурс за најдобра филмска критика Cinedays 2013

Покрај богата филмска програма, музички концерти, изложби, работилници, предавања и презентации годинава фестивалот ќе биде надополнет со конкурс за најдобра филмска критика наменет за сите љубители на филмот кои би сакале да придонесат со својот личен критички осврт кон најновите европски филмски остварувања.

Конкурсот е од отворен карактер, добредојдени се сите кои би сакале да го прикажат својот неокриен потенцијал и талент за пишување во овој специфичен новинарски израз. Текстовите не би требало да се подолги од една односно повеќе од 70-тина реда текст.

Наградата за најдобрата филмска критика ќе изнесува 20.000 денари, а ќе ја додели тричлено жири. Конкурсот важи за филмовите во натпреварувачките програми на фестивалот, официјалната селекција како и селекцијата Cine Balkan.

Сите заинтересирани може да испратат електронска порака на e-mail адресата: contact@cinedays.com.mk а рокот за пријавување е 10. ноември.

Критериуми за пријавување:

· Возраста на кандидатите да не биде над 30 години;

· Да учествуваат со минимум два текста за филм од Официјалната селекција и селекцијата Cine Balkan по избор.

Во врска со пријавувањето на конкурсот на Cinedays, бројот на учесници е ограничен. Филмовите кои ќе се одиграат во последните два фестивалски дена не учествуваат во конкурсот, со цел да се овозможи доволен временски период за одлука на жирито за најдобар текст.

Најдобриот текст и победникот на конкурсот ќе бидат објавени на последниот фестивалски ден.