Концерт за млади во КИЦ

Културно информативниот центар во Скопје, на 20 мај во Салон 19:19, со почеток во 20 часот, организира Концерт за млади, на кој ќе настапат Јана Каевска и Јана Тодоровска на флејта, Ана Гаштаровска-пијано и Верица Шотаровска-пијано соработник.

Јана Каевска е родена во Скопје, 1999 година. Своето музичко образование континуирано го гради во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Таа е дел од класата на проф. Николина Ефтимова Тодоровска. Редовно настапува на училишните концерти, на Државни и Меѓународни натпревари по флејта и камерна музика. Добитник е на бројни награди по флејта и камерна музика на државно и меѓународно ниво.

Јана Тодоровска, родена во Скопје 2000 год.Музичкото образование по флејта го започнува во основното , а потоа и во средното образование во класата на проф.Николина Е. Тодоровска и Симона М.Манојловска. Редовно настапува на училишните концерти ,аудиции,Државни и Меѓународни натпревари по флејта и камерна музика. Учествува на семинари по флејта.Награди и признанија на Државни и Меѓународни натпревари по флејта и камерна музика:6 први , 4 втори и 3 трети награди.

Ана Гаштаровска е родена на 29 април 1999г. во Скопје. Основното образовние го завршува во ОУ Ѓорѓија Пулевски каде што беше одликувана со диплома за првенец на генерација. Основното музичко образование го завршува во класата на проф. Верица Шотаровска, каде продожува со својата понатамошна наобразна и моментално е втора година во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј-Скопје. Од својата најрана возраст настапува на многубројни концерти, манифестации, новогодишни и завршни концерти на центарот. Се здобива со многу награди.