Традиционалниот концерт на оркестарот на Македонската филхармонија со учениците и студентите од државните музички училишта и факултети насловен „Младите доаѓаат и звукот на идната генерација“ ќе се одржи во четврток со почеток во 20 часот.
Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од А. Марчело, Е. Бара. Ф. А. Хофмастер, К. М. Вебер, Ф. Лехар, К. Дитерсдорф, Г. Хуе, Х. Виењавски, Д. Мијо, В. А. Моцарт, Ф. Менделсон, Сен-Санс, В. Зубицки и Д. Шостакович.
Како солисти ќе настапат: Стефан Трајановски – саксофон, Бојан Крстевски – кларинет, Ангела Влинтовска – виола, Боjан Наумовски – кларинет, Деница Дена Стоjаноска – соло пеење, Огнен Златанов – контрабас, Магдалена Ковилоска – флејта, Божана Гошева – виолина, Бојан Анакијевски – удирачки инструменти, Давид Петрушев – кларинет, Ѓорѓи Димовски и Григори Ангелов – саксофон, Боjана Митковска – виолина, Филип Петрески – хармоника и Милица Станковиќ – пиjано.
„Со настапите дома и во странство, а особено со последните гостувања со Краковската, Северночешката, Софиската и Македонската филхармонија, Борјан Цанев останува еден од најбараните диригенти во Македонија и во поширокиот регион“, истакнуваат од Македонска филхармонија.