Од понеделник нема да важат бесплатните ученички билети во ЈСП

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информираат дека поради завршување на учебната година, од понеделник, 13 јуни,  јавниот превоз ќе сообраќа по летен возен ред, а ученичките бесплатни билети нема да важат за време на летниот распуст.

„Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни“, велат оттаму.

Од ЈСП истакнуваат дека основците и средношколците, освен матурантите, ќе можат да купат месечен билет за јули или август по цена од 600 денари.

„За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави ученичка книшка на увид“, дополнуваат од претпријатието.