Климатски научник се соочува со отказ зошто одбива да се врати во Германија со авион од далечен остров

На климатски научник му се заканува отказ од неговото работно место поради тоа што одбива да се врати во Германија со авион откако завршил со својата теренска работа во Буганвил на Соломонските Острови.

Д-р Џанлука Грималда, кој е еколошки активист и принципиелно одбива да лета со авион, во петокот добил информација од својот работодавач Институтот за светска економија во Кил, Германија, дека ако во понделник не биде на своето работно место ќе добие отказ.

Наместо тоа, Грималда уште се наоѓа во Буганвил и чека превоз со брод со кој ќе го започне своето патување назад во Европа откако шест месеци ги проучувал влијанијата од климатските промени и глобализацијата врз заедниците на Папуа Нова Гвинеја.

Грималда вели дека планира патувањето назад долго 22 илјади километри планира да го направи целосно без авион, и наместо тоа ќе користи бродови, траекти и возови, што би траело два месеци, но според неговите проценки би заштедило 3,6 тони јаглеродни емисии.

„Му пишав на претседателот на мојот институт да му кажам дека нема да бидам таму во понеделникот и дека ќе патувам назад со брод и преку копно“, вели Грималда, пренесува Градијан.

„Сега се чувствувам добро, но претходните денови беа навистина трауматични, бидејќи не очекував ваков однос од луѓето во мојот институт. Сепак, сметам дека го направив правиот избор. Патувањето со авион навистина е најбрзиот начин да се согоруваат фосилни горива, па со тоа и најбрз начин да чекориме кон катастрофа“, додал научникот.

Грималда прифаќа дека неговото враќање во Киел ќе биде задоцнето. Истражувањето требало да биде завршено во јули, а тој требал да се врати во Германија на 10 септември. Сепак, тој вели дека се соочил со бројни проблеми – од кражба на неговите истражувања, проблеми во приближување со локалните заедници, па дури до тоа дека бил киднапиран од банда додека ја вршел својата работа.

Неговите приврзаници сметаат дека Институтот во Киел ја користи оваа можност да му се одмазди поради неговото учество во климатските протести со граѓанска непослушност.

„Неверојатно е дека научен институт се заканува да отпушти научник кој си ја работи премногу детално својата работа и избегнува да лета поради климатската криза. Изгледа дека Институтот во Киел се обидува да му се одмазди на Џанлука поради неговите претходни учества во покажувањето граѓанска неполсушност на протестите против климатските промени заедно со активистите од Scientist Rebellion“, смета Џулиа Станбергер, професорка по општествени предизвици од климатските промени на Универзитетот во Лозана.

Портпаролот од Институтот во Киел изјавил дека нема јавно да ги коментираат внатрешните кадровски прашања.