Климатски активисти во Австралија се залепија на слика на Пикасо

Двајца климатски активисти од групата „Extinction Rebellion“ беа уапсени откако се залепија на слика на Пабло Пикасо во Националната галерија на Викторија во Мелбурн, пренесува Радио Слободна Европа.

Активистите се залепија на стаклената заштита на сликата „Масакр во Кореја“, стоејќи со транспарент „Климатски хаос = војна и глад“, со што сакаа да ја нагласат поврзаноста помеѓу климатската катастрофа и човечкото страдање, објави организацијата на Твитер.

„Ако продолжиме по сегашниот пат, ќе се соочиме со колапс на сè што ни ја дава нашата безбедност, што ќе доведе до конфликт“, наведоа од групата, цитирајќи го Дејвид Атенборо.

Уапсени се 49-годишна жена од Нов Јужен Велс, 59-годишен маж од предградие на Мелбурн и уште еден 49-годишен маж.

Од „Extinction Rebellion“ велат дека ниту едно уметничко дело не било оштетено во инцидентот.