Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Иранскиот корпус на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) е прогласен за терористичка организација од Канада, пишува „БиБиСи“.

„Ваквиот чекор испраќа силна порака дека Канада ќе ги искористи сите алатки што и се на располагање за да се бори против терористичкиот ентитет на ИРГЦ“, изјави канадскиот министер за јавна безбедност Доминик Лебланк.

Ова меѓу другото значи и дека секој што ќе обезбеди финансиска или материјална поддршка на ИРГЦ ќе одговара кривично. А исто така и сите средства на ИРГЦ  во земјата ќе бидат замрзнати. 

Инаку, ИРГЦ – елитната единица на иранските вооружени сили, има задача да ја заштити идеологијата на државата и, пред сè, да спречи државен удар.

Голем број земји од ЕУ, вклучително и Германија, се залагаат Европската унија, исто така, да ја класифицира ИРГЦ како терористичка организација.