Камерман на Олимпијадата снимал бубашваба наместо натпревар

Навистина е потребно големо внимание и труд за се овековечат изведбите вредни за олимписка слава. Но еден камерман на кој му било досадно, стана мета на критики откако престана да го снима олимпискиот натпревар по хокеј за да снима една бубашваба, пренесува „Индипендент“.

Бизарниот инцидент се случил за време на натпреварот по хокеј за жени помеѓу Шпанија и Аргентина. Аргентинскиот канал „ТуК“ прикажал близок кадар од бубашваба, додека траел натпреварот, односно пет минути пред крајот. Во тој момент Аргентина водела со 1-0.

Коментаторот на натпреварот може да се слушне како на шпански зборува за бубашвабата и го користи шпанскиот термин „la cucaracha“.

Сепак овој момент остана забележан, па набрзо можеа да се прочитаат повеќе коментари на социјалните мрежи, каде некои го критикува, а некои го пофалија потегот на камерманот.

Тој сепак го снимил и крајот на натпреварот, каде Аргентина водела со 3-0.