Како вие би поминале на ПИСА тестирањето – Ова се прашањата од последното истражување

Разговор на форум за помош на повредена кокошка, предавање за островот Рапа Нуи, интернет пребарување за кравјо млеко и проверка на податоците на веб-сајт посветен на Галапагос.

Ова се дел од прашањата за читање, кои биле дел од најновото ПИСА тестирање на средношколци од 79 земји од светот.

Прашањата може да се најдат на следниов ЛИНК и може да се одговараат преку вашиот интернет пребарувач.

Во задачите од учениците се бара да прочитаат одреден текст, или различни податоци, а потоа тие треба да одговорат на неколку прашања со кои се тестира колку го разбрале прочитаното, но и да раздвојат факти од мислења и да ги разликуваат различните видови информации до кои можат да дојдат.

На последното тестирање, македонските средношколци покажале мало подобрување во споредба со претходното ПИСА тестирање од 2015 година, но повторно се во групата држави кои покажуваат најлоши резултати во читање, математика и природни науки.

С. Македонија се наоѓа на 67-то место од 77 земји во светот според читање. Според резултатите по математика е на 67-то место од 78 држави и провинции, додека според наука е на 63-тото место од 78 земји. Споредено со регионот, полош резултат имале само учениците од Косово, додека најдобри резултати покажале средношколците од Словенија.

На ПИСА 2018 најдобри резултати оствариле Кина, и нејзините две провинции Макао и Хонг Конг, како и Сингапур. Најлоши резултати на последното истражување имале Филипини, Доминиканска Република и Косово.

Македонските ученици малку подобри, но остануваат меѓу најслабите на ПИСА тестирањето