„Кафе со преведувачот“ – дискусија со Ксенија Чочкова

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија, ЗПРМ по четврти пат го организира традиционалното „Кафе со преведувачот“.

Гостинка овој пат е истакнатата книжевна преведувачка Ксенија Чочкова. Таа е преведувач од германски јазик, културен менаџер и кустос. Досега објавила повеќе од 30 книги романи, поезија, литература за деца и драми.

„На онлајн средбата со Ксенија Чочкова ќе разговараме за нејзината книжевна и преведувачка работа, нејзиниот интерес за културата, културниот менаџмент, што значи да се биде културен амбасадор меѓу две земји и култури и колку јазикот има улога во тоа културно посредување. Разговорот ќе го води Никола Ѓелинчески“, стои во најавата за настанот.

Него го организираат Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија и Здружението за македонско-германско пријателство и соработка, а поддржан е и од Гете институтот во Скопје.

Средбата ќе се одржи на платформата Zoom на 29 јуни во 19.00 часот.

Линк за пристапување до настанот: https://us02web.zoom.us/j/2907486554?pwd=RDFJWUduMmRCaWdvejYxUThzaE9OUT09