Јутјуб го укина каналот на бразилскиот претседател поради ширење дезинформации за пандемијата

Видеоплатформата Јутјуб ги отстрани видеата од каналот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, поради ширење дезинформации за пандемијата на коронавирусот.

Јутјуб во соопштението за јавноста соопшти дека одлуката е донесена „по внимателно прегледување“ и без да се зема предвид работата или политичката идеологија на Болсонаро, пишува Гардијан.

Екстремно десничарскиот воен капетан Болсонаро е критикуван за рекламирање недокажани лекови, ширење сомневања за вакцината против коронавирусот и избегнување на носењето маски.

Од кабинетот на претседателот сè уште немаат коментар.

Минатата година социјалните мрежи Твитер и Фејсбук ги отстранија снимките на Болсонаро поради кршење на условите за користење откако тој се спротивстави на препораките на светските експерти за јавно здравје.

На јутјуб-каналот на Болсонаро беа објавувани неделни видеа во кои тој ги повикува министрите, поставува прашања и зборува за своите непријатели.

За време на разговорите, кои исто така се појавуваат на неговиот фејсбук-профил, тој редовно изнесува сомнеж во поглед на сериозноста на вирусот и рестриктивните мерки.