Јубилејно десетто издание на Фестивалот за електронска музика #СМОТРА

Во организација на „615 Асоцијација“, оваа година свое јубилејно 10 издание ќе одржи Фестивалот за електронска музика #СМОТРА.

Претставен како фестивал кој е „дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија“, #СМОТРА, ќе се одржи на 16 јули, сабота во Старата битолска чаршија со почеток во 21 часот.

Мултимедијалниот проект е создаден од млади ентузијасти кои имаат за цел да ја децентрализираат електронската музичка сцена и да ги приближат младите до современите уметности.

„Со необичните локации, како запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-еј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура“, истакнуваат од „615 Асоцијација“.

Според музичката програма на фестивалот, овојпат на #СМОТРА ќе се претстават диџеј Флодер, Укс и Т-Зобе.

Повеќе за програмата може да видите тука.

Од организацијата информираат дека е отворен повикот за волонтери, а сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за учество.