„Парко 2047“ – мултимедијален фестивал во Битола од 19 до 21 август

Под мотото „Иднината започнува сега“, од 19 до 21 август во градскиот парк во Битола ќе се одржи мултимедијалниот фестивал „Парко 2047“.

Најавени се над 40 изведувачи, меѓу кои засега се откриени Дина Јашари и дуото „Алтернатива“, а во рамки на фестивалот присутните ќе може да ги видат делата во уметничката галерија и да учествуваат во работилници и забавни игри.

Организаторите најавуваат две бини, главна бина и „чил“ бина, како и поставување на два „IT“ шатори каде ќе се одржуваат натпревари.

Организатори на „Парко 2047“ е „Парко продукција“, која се претставува како нова граѓанска организација што цели да ја поттикне и да даде простор на новата култура – културата на новото време.

„Парко 2047“ е проект на млади битолчани, чија цел е да создадат платформа за размена на идеи, знаења и забава, на едно заедничко место, во парко, пишуваат тие.