ЈСП: Неделен возен ред на 11 октомври, дежурни ќе бидат две билетарници

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје соопшти дека утре (11 октомври) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дополнително, оттаму соопштија дека утре ќе има две дежурни билетарници кои ќе работат од 8 до 14 часот, односно билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Жичарницата на Водно пак, ќе работи со вообичаено работно време од 10 до 18 часот, односно последното возење од долу нагоре е во 17-17:30 часот, а последното возење од горе надолу во 17:45 часот.