ЈП ПОЦ отвори телефонска линија за пријавување на несовесно паркирање на места за лица со посебни потреби

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.

Од денеска граѓаните ќе можат да ги пријават непрописно паркираните автомобили на телефонскиот број: 077 410 002. По добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“ во соработка со граѓанската иницијатива „5до12“.