Јавен повик за уметници за изработка на концепт за „Skopje light festival 2022“

Град Скопје и ЈУ Универзална сала – Скопје објавуваат јавен повик за избор на предлог концепти за петтoто издание на Фестивалот на светлината, „Skopje light festival“ што ќе се одржи на 2 и 3 септември годинава.

„Темата на годинешното издание е токму рефлексијата која не поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат. 5 Фестивал на Светлината во Скопје ќе биде првиот на кој учество ќе земат исклучиво домашни артисти а ќе биде проширен со ревијални учесници“, се вели во соопштението за повикот.

Повикот е отворен за сите заинтересирани уметници кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосни инсталации, видео арт или го користат светлото како главен метод на визуелно и уметничко изразување да се пријават на конкурсот.

Повеќе информации околу аплицирањето може да се најадат ТУКА, а конкурсот е отворен до 14 јули 2022 година.