„Јас не сум пе*ер“ – прв краток хумористичен филм на младиот режисер Мартин Чичовски

По сценарио и режија на младиот режисер Мартин Чичовски, деновиве имаше премиера краткиот хумористичен филм „Јас не сум пе*ер“. Филмот е изработен од страна на младинската „Марви“ продукција, а улогите ги играат Вања Тројачанец, Христо Чолаков и Дарко Миневски.

Како што вели режисерот Чичовски, идејата за филмот „Јас не сум пе*ер“ била поттикната од популарниот пост на Инстаграм профилот „сакето.мк“.

„Постот за „шарените сториња“ беше доста популарен, а под него се читаа негативни, позитивни и смешни коментари, па за мене тоа беше доволно за да се појави идеја за сценарио“, истакна Чичовски.

Филмот кој е објавен на „Јутуб“ беше достапен од 25 јули за пошироката публика, а за снимањето на филмот бил потребен само еден ден.

 

View this post on Instagram

 

Првиот комичен филм на @chichovskimartin 🙄 Линк во био!

A post shared by Marvie (@marvieproductions) on

„Процесот на изработка се одвиваше доста брзо и продуктивно, што искрено ме изненади, со оглед на тоа дека бев сам зад камерите поради ситуацијата. Потребен ни беше само еден ден за да се сними филмот, благодарение и на актерите кои се појавија на сет поподготвени од мене“, нагласи режисерот.

Тој вели дека со користење на зборот „пе*дер“ немал намера да ја навреди ЛГБТИ+ заедницата.

„Сметам дека зборовите “геј“ и “педер” треба да ги ставиме под ист кош, бидејќи така би им се одземала шансата на луѓето да ги користат како навреда. Ако јас не се навредувам, не гледам причина зошто би се навредиле и други.  Првиот пат кога ја обработив оваа тема беше во „Ема” каде што доста реално беше прикажано, а и пораката беше позитивно сфатена од страна на публиката. Сметам дека тоа остави простор овој пат истата тема да биде комбинирана со комедија.“, изјави Чичовски дополнувајќи дека во иднина ќе продолжат со изработка на вакви филмови.

Во продолжение, погледнете го краткиот хумористичен филм „Јас не сум пе*ер“.

Ивана Смилевска