Јапонија го изгласа „најсексистичкиот коментар на годината“

Јапонија го изгласа „најсексистичкиот коментар на годината“, а признанието го доби политичкарка со историја полна недостојни коментари за жени и геј лица.

Мио Сугита е конзервативна политичарка од партијата на власт „Либерално демократска партија“, која беше рангирана со многу политичари, но сепак победи поради нејзиниот коментар дека „жените лажат колку што можат“ во контекст на сексуално насилство.

Анкетата за најсексистички коментар била објавена на 8 Март, а граѓаните гласале онлајн. Анкетата била организирана од страна на „Ноасепс“, здружение на јапонски активисти и академци.

На второто место се нашол Јоширо Мори, поранешен премиер кој бил приморан да даде оставка од функцијата како претседател на советот за Олимпијадата во Токио, откако истакнал дека „жените премногу зборуваат“.

Според „Гардијан“, коментарот на политичарката Сугита добил 1.999 гласа, а коментарот на Мори се здобил со 1.216 гласа.

На третото место според резултатите се нашол Масатеру Шираши, член на владеачката партија на Јапонија, поради коментари дека Јапонија нема да има наталитет доколку сите станат геј и лезбејки чии права се заштитени со закон.

Анкетата за најсексистички коментар се одржува секоја година, а прв пат била одржана во 2017 година поради забележлив раст на дискриминирачки и родово насочени коментари во јавната сфера од страна на политичари и државни службеници.

Политичарката Сугита, која соработувала со поранешниот јапонски министер Шинзо Абе, високо котирала и на анкетата во 2019 година, кога добитник на „признанието“ бил поранашен министер за финансии кои ги обвинил жените кои преживеале сексуално насилство и застанал на страната на обвинетите.

Сугита во 2019 година била номинирана поради нејзиниот коментар дека истополовите парови не создаваат деца, па така не придонесуваат за просперитетот на нацијата.

Извор: Independent