Јакната со која Баз Олдрин патуваше до Месечината продадена за 2,8 милиони долари

Вселенската јакна која ја носел Баз Олдрин додека летал кон Месечината беше продадена на аукција во Њујорк за 2,8 милиони долари.

Олдрин ја носел оваа јакна, на која се вцртани американското знаме и логото на НАСА, додека летал низ вселената во командниот модул Колумбија од мисијата Аполо 11.

Јакната е еден од 69-те лични предмети кои 92-годишниот поранешен астронаут ги стави на продажба и со вчерашната продажба стана највредниот американски вселенски предмет продаден на аукција досега.

Олдрин на шестдневниот во 1969 година поминал поголем дел од времето во оваа јакна, која ја пресоблекол за да влезе во специјалното одело со кое чекорел на површината на Месечината. Се проценува дека стапнувањето на месечината тогаш го гледале околу 650 милиони луѓе низ светот.

Откако поминале повеќе од 21 час на Месечината, тој заедно со Нил Армстронг се вратиле во модулот на Аполо мисијата и повторно ги облекле своите јакни.

Направена од специјален огноотпорен материјал, оваа бела јакна обложена со тефлон е единственото парче облека од мисијата Аполо 11 кое досега е продадено.

Меѓу другите лични предмети ставени на аукција се наоѓаа и копче од расипана склопка која Олдрин ја поправал на летот, црно пенкало кое го користел при мисијата и план на летот кој го користел екипажот.

Вкупно целата негова лична колекција била продадена за 8,2 милиони долари.