Изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ во НОБ

Балетската претстава „Дамата со камелии“ на 21 февруари ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот.

Претставата е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, а раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија). Покрај нив ќе настапат и солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.