Балетот „Пепелашка“ викендов во НОБ

Новата балетска продукција „Пепелашка“ од Националната опера и балет (НОБ) ќе биде изведена на 30 (петок) и 31 јануари (сабота) со почеток во 20:00 часот.

Претставата работена во 3 слики по музиката на рускиот композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на Александар Илиќ, гостин од Србија.

Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук е на Георг Драушник од Хрватска, асистент-кореограф е Саша Евтимова и Мојца Мајцен од Словенија, репетитори се Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.

Ќе настапуваат Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева Ковачевск, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска како и солисти и балетскиот ансамбл на НОВ.