Изрел ја блокираше Ал Џазира бидејќи го поддржувала тероризмот

Израелските власти ќе ги одземат акредитациите на новинарите од катарската телевизија Ал Џазира, со цел да ја затворат нивната редакција во Ерусалим и да го прекинат емитувањето на програмата на таа станица на локални и сателитски провајдери, изјави израелскиот министер за комуникации Ајуб Кара.

Тој ја обвини Ал Џазира за „поддршка на тероризам“ и рече дека кабловските оператори го прифатиле неговиот предлог да не ги емитуваат повеќе каналите на таа телевизија на англиски и арапски јазик.

Овој потег според меѓународната медиумска заедница се смета за „недемократски“ напад кон новинарската слобода.

Израелската влада тврди дека медиумот е „алатка“ на ИСИС. Од Ал Џазира соопштија на нивниот сајт дека новинари биле спречени да присуствуваат на прес-конференцијата на која се соопштила одлуката.

 Медиумот, кој има 80 канцеларии низ светот одговори на својот вебсајт, велејќи: „Ал Џазира нагласува дека одблизу ќе го надгледува развојот што може да резултира од одлуката на Изрел, и дека ќе ги преземе сите неопходни правни мерки“.

Тие исто така ги отфрлаат обвиненијата дека нивното медиумско покривање за неодамнешните немири во џамијата Ал Акса во Ерусалим било непрофесионално.

„Ал Џазира ќе продолжи да известува за настаните околу окупираните палестински територии професионално и соодветно, според стандардите поставени од интернационалните агенции, како што е Британската канцеларија за комуникации (Офком)“, соопштија од медиумот.

Одлуката на Изреал следи откако слично постапија и нивните соседи Јордан и Саудиска Арабија, кои веќе ги затворија канцелариите на Ал Џазира.

Каналот и сајтот на медиумот, кои се во сопствеништво на катарската влада, беа исто така блокирани во Соединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин. Египет ја забрани Ал Џазира пред неколку години.

Мрежата инсистира на независност од своите сопственици, иако ова е оспорено од критичарите. Нејзината подготвеност да емитува издвоени ставови предизвика несогласувања кај арапскиот свет уште при нејзиното отворање во 1999 година, добивајќи одредена важност по нападите на 9 септември и за време на војната во Авганистан.