Израелските научници од неодамна го претставија новиот вид на медицинска марихуана која што помага во лечењето на децата заболени од епилепсија, но без чувство на напушеност, пренесе The Washington Post.
Новиот револуционерен вид на индиски коноп наречен „Рафаел“, по ангелот кој што му се привидел на Мојсеј, е наменет за болните на кои што им треба лечење, но не сакаат да имаат чувство на „напушеност“. За сега е достапна само во Израел.
Израел во последните години, стана водечка земја во медицинска употреба на марихуана, но засега не допушта извоз на овој патентиран „лек“, туку само ги споделува начинот и методите на производство.
„Не сакаме Израел да се перцепира како земја коа извезува исклучиво само оружје и марихуана“, изјави советникот во Министерството за здравство, Мајкл Дор и додаде дека околу медицинската марихуана спротивставени мислења имаат земјоделците и војската.
Дури и без извоз, ова израелско истражување привлече внимание на светско ниво. Автстралиската компанија Phyto Tech medical, понуди шест милиони долари за технолошки трансфер за развојот на пилулите со ТХЦ за медицинска употреба.
Извор: jutarnji.hr, washingtonpost.com