„Израел и Хамас“, „Барбенхајмер“ – најпребаруваните термини на „Гугл“ за 2023 година

„Гугл“ ги објави резултатите од „Годината според пребарувања“ за 2023, односно заокружување на најпребаруваните термини за оваа година.

Како и секогаш, резултатите претставуваат отрезнувачки момент за краткотрајноста на општенственото внимание.

Кога станува збор за вести, најпребарувана е војната помеѓу Израел и Хамас, по што следува земјотресот во Турција и Сирија, а на трето место се наоѓа имплозијата на подморницата „Титан“.

Најпребаруван филм оваа година на „Гугл“ е „Барби“, а на второ место е „Опенхајмер“. Терминот скован од овие два филма – „Барбенхајмер“, исто така е меѓу најпребаруваните термини на „Гугл“ за 2023 година.

Најпребаруваните славни личности се Метју Пери и Тина Тарнер, како и Џереми Ренер. Најпребарувани телевизиски серии се „Последните од нас“, „Средичка“ и „Џини и Џорџија“.

Шакира е најпребарувана музичарка за 2023 година, додека најпребарувани песни за 2023 на „Гугл“ се „Идол“ од јапонското дуо Јоасоби, по што следи „Try That In A Small Town“ од Џејсон Алдин и песната на Шакира “Bzrp Music Sessions, Vol. 53”.

Во Европа, пребарувањата се фокусирани кон музеи, паркови и спортски стадиони.

Најпребаруван парк за 2023 е Парк Гуел во Барселона, по што следува Централ Парк во Њујорк, а на трето место е Хајд парк во Лондон. Најпребаруваните музеи се парискиот Лувр и Британскиот музеј во Лондон.

Еден од најпребаруваните термини во Германија е „Рамштајн“, откако фронтменот на бендот беше обвинет за низа сексуални напади, додека во Франција највеќе се пребарувало „како да се ослободиш од креветни стеници“, во Шпанија најпребаруван е рецептот за „лимон серано“, додека во Ирска највеќе се пребарувале видови на оброци кои може да се подготвуваат во воздушна печка.

Вештачката интелигенција е масовен глобален тренд за оваа година, а интересот за темата ги преплавува пребарувачите, информативните веб-страни и Википедија.

ЧетГПТ е најпребаруваниот термин на Гугл во Австрија, Белгија, Латвија, Литванија, Шпанија, Швајцарија и Германија.

Од „Гугл“ вечат дека ги собирале податоците од 1 јануари до 27 ноември.