Изменет режим на сообраќај во Скопје денес и утре

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на Град Скопје денеска, 7 септември затворени за сообраќај ќе бидат неколку улици, информираат од Владата на Република Северна Македонија.

Од 11 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

– ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ во правец на движење од ул. „Васил Главинов“ до ул. „Филип Втори Македонски“, додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.
– Од 23.00 часот на 7.9.2021 година до 11:00 часот на 8.9.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул. „Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. „Македонија“ до крстосницата со ул. „11-ти Октомври“ и ул. „Филип Втори” на потег од Кеј „13-ти Ноември“ до ул. „11-ти Октомври“ и ул. „11-ти Октомври“ на потегот од бул. „Кочо Рацин“до ул. „Даме Груев“.

Во текот на утрешниот ден кога ќе се одржи и централната прослава по повод Денот на независноста, почнувајќи од 11 часот па се до завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат:

– бул. „Кочо Рацин“ на потегот од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,
– ул. „11-ти Октомври“ на потегот од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“,
– ул. „Филип Втори“ на потегот од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11–ти Октомври“,
– кеј „13–ти Ноември“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Мирче Ацев“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Димитрија Чуповски“ на потегот од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“,
– ул. „Даме Груев“ од крстосницата со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

„Согласно наведеното Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, се додава во соопштението на Владата.

Дополнително, тие посочуваат дека Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициски службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.