[Галерија] Гужви низ Скопје поради протестот на приватните превозници и раскопаните улици

Утрово низ поширокиот центар на Скопје можеа да се забележат гужви и колони возила поголеми од вообичаеното. Сообраќајци го регулираа густиот сообраќај од двете страни на раскопаниот булевар „Кузман Јосифовски Питу“ кај транспортниот центар, но и кај крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“.

Во меѓувреме, крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ беше блокирана со десетици автобуси поради протест на приватните превозници кои бараат исплата на заостанатите долгови од Град Скопје.

Повремен метеж пак, се создаваше и на булеварот „Трета македонска бригада“ кај населбата Аеродром.

Радио МОФ направи обиколка низ поширокиот центар на градот. Погледнете повеќе на фотографиите во продолжение.

фото: Радио МОФ

Мартин Колоски