Изложба на стари фотографии во Охрид

Во НУЦ „Куќа на Уранија” – МАНУ во Охрид, утре, на 11 јуни ќе биде отворена изложба на стари фотографии сликани во период од 1940 до 1945 од фотографот Јонче Поп Стефанија ( 1915-1983, Охрид).

Изложбата ќе биде отворена за јавноста од 20 часот и ќе може да се погледне до 19 јули.

„Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија“, велат организаторите.