Изложба на фотографии на Мимоза Велиу во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии на Мимоза Велиу, насловена „Уметничка фотографија“.

Мимоза е фотограф и куратор родена во Македонија. Живее и работи во Берлин. Преку студиото и нејзината галерија JAMMIN таа поврзува заеднички концепт на комерцијални и уметнички фотографии.

Покрај Берлин, Мимоза има изложувано и во Виена, Њујорк, Минхен, Тирана, Приштина итн. Во 2008 година таа е добитник на првата награда за уметничка фотографија од Националната галерија на Косово.