По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, во Домот на културата во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на 2 јуни (понеделник) во 11 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Моите херои” на Јана Иванова (10 години).
Ова е трето ликовно претставување на Јана, која изминатиот месец со истата поставка се претстави во Младинскиот центар „Матично” и на Филозофскиот факултет во Скопје.
„Со своите бравурозни прикази на своите јунаци кои катадневно ги набљудува во цртаните филмови и својот таблет, младата уметница го привлече вниманието на ликовната публика, во прв ред со својот цртеж, изведен најчесто со еден потег и без дополнителни детали“, стои во најавата за изложбата.
Изложбата ќе биде отворена до 10 јуни. Куратор на изложбата е Теа Теохаревска – Иванова.