Излезе од печат книгата за Гане Тодоровски од Ивана Велиновска Боцеска во издание на „Матица Македонска“

Излезе од печат новата книга на Ивана Велиновска Боцеска, „Тематски доминанти во поезијата на Гане Тодоровски“, во издание на „Матица македонска“ од Скопје. Со ова најново издание посветено на големиот македонски поет и научник, издавачот ја одбележува 95-годишнината од раѓањето на авторот што остави длабоки траги во целокупната македонска литература и култура.

Како што информираат од „Матица Македонска“ во поговорот кон книгата проф. д-р Кристина Николовска констатира дека во годината кога чествуваме 95 години од раѓањето на великанот на нашата поезија, наука и култура, еден од столбовите на современата македонска книжевност, авторката ни презентира прекрасно издание за тематските доминанти во поезијата на Гане Тодоровски.

Додаваат дека поттиканата од научниот интерес, Велиновска Боцеска, открива нови сознанија на книжевната наука, теорија на литературата и научно-книжевна македонистика како ново можно читање на тематската есенција на овој раскошен поет.