Селектирани романите во вториот круг за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, избра десет романи што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Оттаму известуваат дека веќе наредната недела ќе се објави најтесниот избор за романите кои конкурирале за „Роман на годината.

„Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до 15 март, а „Роман на годината“  оваа година ќе се прогласи по 23 пат“, велат од Фондацијата „Славко Јаневски“.

Романите кои влегоа во потесниот круг за наградата се:

1. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
2. „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или – или“
3. „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или – или“
4. „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
5. „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
6. „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
7. „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или – или“
8. „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
9. „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или – или“
10. „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“