Инстаграм воведува опција за пренос во живо

Откако Инстаграм ја воведе опцијата за непосредно споделување на кратки видеа и фотографии, наречена „Stories“, популарната мрежа сега овозможува и видеопренос. Со оваа опција, која се очекува да биде достапна секаде до крајот на наредната недела, корисниците ќе можат да објавуваат видеа со должина од 60 минути.

Досега, оваа опција можеа да ја користат само луѓето во САД, каде првично беше лансирана во декември.

За да се користи Live Stories треба да се одбере копчето за камера кое се наоѓа во горниот лев агол. Потоа на екранот ќе се појави опцијата Live, а со кликање на Start Live Video почнува преносот на видеото.

Кога некој од луѓето, кои ги следете на Инстаграм ќе објави live видео, на нивната профилна фотографија ќе се појави зборот Live.

На почетокот од овој месец, компанијата соопшти дека 150 милиони луѓе дневно користат Stories.