[Инфографик] Македонските плати – бројки, наспроти реалност

Finance Think – Институтот за економско истражување и политики – Скопје, создаде инфографик кој визуелно ја прикажува состојбата со платите во македонската економија.

Имено, иако исплатената месечна нето-плата во Македонија е во постојан раст, дури 43 проценти од сите вработени земаат плата помала од 12000, покажува инфографикот.

За 10 години, исплатената месечна нето плата пораснала за 66 проценти. Во јули секој вработен заработил по 22334 денари по основ на плата, според официјалните бројки.

Но, во реалноста, половина од вработените во Македонија земаат плата од 12000 до 25000 денари. Дури 43 проценти се обидуваат да преживеат со плата помала од 12000 денари.

Заработката е различна и во одделни региони. Додека скопјани заработуваат најмногу во просек, околу 38744 денари месечно, најмалку заработуваат жителите на североистчниот регион – по 22201 денар месечно.