Индонезиски суд му наложи на претседателот да го подобри квалитетот на воздухот

Инедонезиски суд пресуди дека претседателот Џоко Видодо и шест други високи функционери не го обезбедиле правото на граѓаните на чист воздух и им наредил да го подобрат лошиот квалитет на воздух во главниот град Џакарта, пренесува „Н1“.

Судот едногласно одлучил во корист на 32 жители на главниот град кои во јули 2019 година го тужеа Видодо, министрите за внатрешни работи, здравство и животна средина, како и гувернерите на три области, со цел да обезбедат поздрави услови за живот.

Судот заклучил дека седум службеници мора да преземат сериозни акција за да го гарантираат правото на луѓето на здрав живот во Џакарта, преку заострување на прописите во врска со квалитетот на воздухот.

Граѓаните што ја поднесоа тужбата не бараа финансиски надомест, туку построг надзор и казни за загадувачите.