„In Space“ – фотографска изложба за Светската недела на астрономијата

На 4 октомври со почеток во 21.00 часот во Concept 37 ќе биде отворена фотографската изложба „In Space”  проект на астрофотографите од Скопско астрономско друштво Мартин Стојановски, Мартин Димитриевски и Фросина Илиевска.

ФОТО: Фросина Илиевска

ФОТО: Фросина Илиевска

Oваа изложба  е дел од Светската недеела на астрономијата и претставува збир на  фотографии кои се направени за време на теренските набљудувања на САД и долгогодишно работење со астрофотографијата.

ФОТО: Мартин Димитриевски

ФОТО: Мартин Димитриевски

Изложбата ќе биде отворена во 21.00 часот во просториите на Concept 37 и ќе започне на денот кога пред точно 56 години бил лансиран првиот вештачки сателит „Спутник 1“,  поради што и неделата од 4 до 10 октомври е прогласена за светска Недела на астрономијата.

ФОТО: Мартин Стојановски

ФОТО: Мартин Стојановски

Пред официјалното отворање на изложбата  (со почеток во 20:00 часот ) ќе имате можност да слушнете две кратки предавања. Предавањата ќе бидат одржани од фотографите кои ќе ги презентираат своите дела: Фросина Илиевска  ќе зборува за “Астрофотографија” и како тоа да направите добра астрофотографија во вашето секојдневие, а Мартин ќе одржи мало предавање на тема “Колку е голем Универзумот?”