Илија Ивановски е нов студентски правобранител на УГД

Илија Ивановски е избран за нов студентски правобранител на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одлучи Сенатот.

Ивановски е студент во четврта година на Факултет за медицински науки.

Од Универзитетското студентско собрание при УГД информираат дека за сите прашања и информации кои се надлежност на Ивановски, студентите може да му се обратат на: pravobranitel.ugd@outlook.com

Студентскиот правобранител претставува студент или студентка чија примарна работа е заштита на правата на студентите. Тоа значи дека секој пат кога студентот или студентката смета дека се прекршени неговите/нејзините права, треба да се обрати кај правобранителот со цел решавање на конкретниот проблем.

Условот за станување на студентски правобранител е единствено статусот на редовен студент на универзитетот.

Студентскиот правобранител може да постапи по поднесок од страна на студент кој смета дека му се прекршени правата од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница (професор, студент) или пак по сопствена иницијатива, односно тогаш која тој/таа ќе увиди дека има одреден проблем и интервенира.

Студентскиот правобранител за својата работа поднесува извештај до Сенатот на Универзитетот.