ИКЕА бара да се промени хорор видео игра за луѓето да не ја споредуваат со фирмата за мебел

ИКЕА издаде барање за прекин и откажување на независна хорор игра, инсистирајќи авторот да ја промени неговата необјавена игра во обид да ги спречи медиумите и играчите да ја споредуваат со глобалниот ланец за мебел, објави Eurogamer.

Се работи за играта „The Store is Closed“ (Продавницата е затворена), која е мешавина на „Тhe Forest“ од „Endnights Games“ и случки од секојдневниот живот, а доаѓа од независниот развивач на игри Ziggy.

И покрај тоа што не користи ниту еден од производите, имињата или брендирањето на ИКЕA, фирмата верува дека развивачот ги прекршува авторските права, па ја испрати правната фирма „Fross Zelnick“. Ziggy – кој е од Обединетото Кралство – има десет дена да ги изврши промените или ќе се соочи со правна постапка.

„Адвокатите на ИКЕА ме контактираа за ‘Продавницата е затворена’, напиша Ziggy на Твитер, притоа линкувајќи статија на Котаку.

„Требаше да ја поминам последната недела подготвувајќи ажурирање за сите нови алфа-тестери. Но, сега морам очајно да го обновам целиот изглед на играта за да не ме тужат“, посочува тој.

На прашањето дали намерно ја дизајнирал продавницата или нејзината содржина имајќи ја „на ум“ ИКЕА, Ziggy вели: „Купив генерички пакети за мебел за да ја направам оваа игра“.

Сепак, ИКЕА не е убедена.

„Вашата игра користи сино и жолт знак со скандинавско име на продавницата, сина зграда налик на кутија, жолти кошули со вертикални линии идентични на оние што ги носи персоналот на Икеа, сива патека на подот, мебел што личи на мебел на ИКЕА, и ознаки на производи што изгледаат како ознаки на ИКЕА“, се вели во правните документи. Сето горенаведено веднаш сугерира дека играта се одвива во продавница на ИКЕА“, велат од компанијата

Адвокатите, исто така, велат дека бројните коментари од читателите на овие приказни прават асоцијација со продавниците на ИКЕА.

За оние кои сакаат да дознаат повеќе за „The Store is Closed“, Ziggy постави страница на Kickstarter. Играта треба да биде објавена за PC, Xbox Series X S и PS5.