Играта „Скопје ’83“ од македонското студио „Дарк-1“ по долги години чекање официјално пристигнува на 7 ноември

Официјално по долги години чекање, многу тестови и бета верзии, македонското гејм дизајн студио „Дарк-1“ и издавачите „PM Studios“ објавија дека нивната тактичка авантура за преживување со роуглајт елементи, „Скопје ’83“, ќе биде лансирана за компјутер преку Steam на 7 ноември 2025 година, пренесува агенцијата Мета.мк.

Сместена во темно комична и постапокалиптична верзија на нашиот главен град Скопје, разурната од бомби, играта ги поканува играчите да се борат, да собираат пари и да преживуваат заедно додека откриваат приказна полна со заговор и хаос.

Во „Скопје ’83“, градот е осуден да биде бомбардиран за седум дена, а времето станува најопасен непријател. Секое трчање им дава шанса на играчите да продолжат понатаму, да собираат оружје и планови и да откриваат повеќе од мистеријата. Секоја одлука е важна, еден погрешен потег може да заврши сè, но секоја смрт отвора нов пат низ променливите урнатини на градот.

Борбата ги спојува френетичното пукање и бруталната тепачка со стратешко преживување. Играчите мора да ограбуваат залихи, да изработуваат надградби и да се одбранат од орди изопачени гнасотии што се кријат во секој агол.

Помеѓу трчањата, автобусот познат како DOM служи како мобилна база, и засолниште и вооружено возило, каде што играчите можат да надградуваат, планираат и да се подготвуваат за следното спуштање во хаос.

Светот исто така динамично се менува по секоја смрт. Непријателските позиционирања, пленот и патеките се менуваат со секој нов обид, правејќи го секое трчање непредвидливо. Под уништувањето лежи мистерија што се одвива вкоренета во Балканот со алтернативна историја, окултни експерименти и чудна ретро-футуристичка наука.

Создадена за кооперативна игра, „Скопје ’83“ напредува со тимска работа и ескалација на хаосот. Колку повеќе играчи се приклучуваат, толку подлабока е приказната и толку подива станува акцијата. Заинтересираните можат да ја додадете на својата листа на желби на Steam и да се подготват да се тркалаат низ урнатините кога ќе пристигне на 7 ноември.