„Играта на зборови може да повреди” – волонтери на Црвен Крст со кампања против врсничкото насилство

Волонтерите при Црвениот Крст во Општина Кисела Вода започнаа кампања која цели кон превенција и намалување на врсничкото насилство. Нивната порака гласи: „Играта на зборови може да повреди“.

Заедно со фотографката Фросина Левковска направија фотографии кои ја покажаа потребата од превенција и подигнување на јавната свест за постоењето на врсничкото насилство на социјалните мрежи, кое според нив, е особено изразено во време на пандемија со Ковид-19 каде културниот живот мирува, а социјалниот владее.

„Целиме да оствариме редуцирање на злоупотребата, вознемирувањето, омаловажувањето, клеветењето и заканите како негативни човечки особини во човековото живеење, особено изразени кај младите. Затоа што токму, Црвен Крст на Република Северна Македонија во своите стратешки цели се залага за унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир“, се вели во нивната објава.

Кампања за превенција од врсничкото насилство на социјалните мрежи во рамки на проектот: “Играта на зборови може да…

Posted by Црвен Крст на РСМ ОО Кисела Вода on Wednesday, March 31, 2021